Инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство претпладнево влегоа во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица за да направат увид со којшто ќе се утврдат причините за избувнувањето на големиот пожар.
Ова за МИА го соопштиле од ОЈО Струмица.
Во пожарот, што избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, како и дел од вториот. Пожарот во „Глобал“ бил пријавен од стражарската служба. Тој избувнал во делот каде се врши доставување на стока и брзо се проширил.
Премиерот Зоран Заев најави организирање масовна солидарна акција за расчистување и за возобновување на „Глобал“, како и акција за финансиска помош.