Медицински тимови од здравствен дом Пробиштип, рано утрово започнаа вакцинација во село Турско Рудари, а во Валандово теренската вакцинација започна од село Чалакли, објави министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека заинтересираноста на жителите е голема и дека процесот на вакцинација се одвива одлично.
-Апелирам до граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи пандемијата. Процесот на теренска вакцинација ќе се одвива на територија на цела држава, медицински екипи ќе го посетат секое село, рурално населено место, населба, објави министерот Филипче на својот фејсбук профил.
Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници, а секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба да има важечки документ за идентификација.