452
Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство пристигна во Обвинителството за организиран криминал, каде треба да даде исказ за случајот „Рекет“.
Рустеми беше повикан да сведочи во ЈО вчера, но неговото сослушување беше одложено поради рочиштето за предметот „ТНТ“, каде тој го застапува обвинението.
Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, а во вторник на распит е повикана и шефицата на СЈО, Катица Канева.
Стефанова и Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.