Во Основниот суд во Струга почна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е инволвиран само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта ќе се води одвоен предмет, каде покрај злоупотреба на службена должност направено е и кривично дело фалсификување и обвинети се четири лица. Рочиштето за предметот во Велешта беше одложено.
Мерко рече дека не чуствува вина за делата, за кои го товари Јавното обвинителство. Вели дека разбира за што е обвинет, но додаде дека не се чуствувал виновен за кривичните дела, бидејќи, како што рече, направил континуитет во работата на основните училишта.
Судскиот процес против Мерко за четирите предмети ќе продолжи на 5 јули.