Почна судењето за убиството на малата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.
Во Кривичниот суд се донесени обвинетите Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Не е донесен Љупчо Палевски – Палчо.
Kривичниот суд се уште не ги споил двете обвиненија во еден предмет, бидејќи пред само еден ден беше дадено позитивно мислење за второто обвинение со кое Палески е првообвинет за грозоморните грабнувања и убиства.
Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.