Во Њујорк денеска започна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за силување откако писателката Е.Џин Керол во граѓанска тужба го обвини за силување во соблекувална на стоковна куќа во средината на деведесеттите години на минатиот век.
Трамп ги нарече нејзините тврдења „лажни“ и „тотална измама“ во објавата од октомври 2022 година на неговата платформа „Truth“.
Тој додаде дека средбата со него ја измислила за да ги промовира своите мемоари во кои вели дека тој не е нејзин тип, пренесе Ројтерс.
Судењето се очекува да трае една до две недели.
Неговите адвокати рекоа дека тој нема да сведочи, а адвокатите на Керол не планираат да го повикаат да сведочи.
Керол бара неутврдена отштета, како компензација за голема болка и страдање, долгорочни психолошки последици и напад на нејзината приватност, соопштија нејзините адвокати.