905
Во Мелбурн почна судењето на тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ, на кое се решава дали тој од понеделник ќе игра на Австралија опен или ќе биде депортиран од земјата.
Австралискиот Федерален суд врши директен пренос од судењето.
Ѓоковиќ прво доби виза за медицинско изземање од вакцинација, но по неговото слетување во Мелбурн, истата му беше укината. Неговите адвокати се жалеа во федералниот суд во Мелбурн каде судиијата Ентони Кели му ја врати визата, но австралискиот министер за имиграција, Алекс Хоук, му ја укина визата.