Во 14 часот во Клубот на пратеници влегоа премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши. На оваа средба е планирано да се разговара за деталите за можен влез на оваа партијата во Владата.
Двајцата не дадоа изјави а на разговорите ќе присуствуваат и заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски и генералниот секретар на Алтернатива, Беким Сали.