437
Во Владата во тек е средбата на коалициските партнери од власта на која ќе се разговара за се она што е направено изминатите месеци од формирањето на новата Влада. Се очекува да се реафирмира и ставот за одржување на редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските.
По завршување на средбата, како што најави владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе одржи прес-конференција на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција.
Вчера, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржа протест пред Владата барајќи предвремени парламентарни избори. Доколку ова лето не се постигне договор за избори, најавија блокада на институциите и протести.