364
Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ ја започнаа средба во Брисел со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и со специјалниот европски претставник за дијалог, Мирослав Лајчак.
Курти и Вучиќ претходно имаа одвоени средби со европски претставници. На агендата е договорот за нормализирање на односите меѓу двете страни.
Денешната средба меѓу претседателот на Србија и премиерот на Косово е најважниот момент во процесот на нормализација на односите во последните десет години.
Се очекува лидерите на средбата на 27 февруари пред посредниците на Европската унија (ЕУ) да потврдат дека го прифаќаат европскиот план.