Од денеска и официјално почна со работа универзалниот снабдувач на електрична енергија ЕВН Хоме. Новооформената компанија ќе ги снабдува со електрична енергија корисниците кои не избрале снабдувач на либерализираниот пазар. Поточно, отсега ЕВН Хоме ќе ги опслужува сите домаќинства и бизниси со помалку од 50 вработени и вкупен годишен приход помал од 2 милиони евра кои не избрале свој снабдувач.
ЕВН беше избрана како најповолен понудувач на јавно наддавање и како универзален снабдувач на регулираниот пазар ќе работи според фиксна маржа дефинирана од тендерската процедура во наредните пет години.
– Корисниците на ЕВН Хоме ќе продолжат да ги добиваат истите услуги како и досега, користејќи ги истите поволности, дополнителни услуги и канали за комуникација, информираат од ЕВН Хоме.
На располагање и понатаму за корисниците е контакт центарот на три јазици и 24 часа дневно, приемните канцеларии во Корисничките енерго центри низ државата како и сите наплатни места.