Почна со работа пунктот за земање брисеви во Свети Николе

by fokus

Почна со работа пунктот за земање брисеви за Ковид-19 во Свети Николе. Секој ден, тим од Центарот за јавно здравје – Велес од 11:30 часот на пунктот во нов Здравстен дом ќе зема контролни брисеви, но и на оние кои се со симптоми и со упат од матичен лекар.

Директорката на Центар за јавно здравје-Велес, Анасатазија Иванова, вели дека секој ден тим составен од доктор и лаборант ќе бидат во пунктот по што веднаш откако ќе ги земат брисевите, ќе бидат испратени во Скопје.

– Денеска се зедоа контролни тестови на жители на Свети Николе, кои имаат прв или втор тест. Отварањето на пунктот е на барање на Општинскиот кризен штаб, а во договор со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, вели Иванова.

Пунктот се отвара откако до Општинскиот кризен штаб пристигнаа реакции од работници, кои неколку дена не можеле да отидат на пунктот во Велес, бидејќи од потесното семејство немал кој да ги однесе. Со добивањето на резултатите, работниците од текстилните компании ќе можат повторно да се вратат на своите работни места.

Поврзани новости