523
Комисиската расправа за одземање на мандатот на пратеникот во бегство, Никола Груевски, почна и пратениците го изгласаа дневниот ред.
Седницата ја води заменичката на Павле Богоевски, Снежана Калеска Ванчева, откако Богоевски најави дека ќе поднесе оставка од пратеничката функција.
Инаку, синоќа од ВМРО-ДПМНЕ им порачаа на пратениците да гласаат согласно уставот и законите, односно за одземање на мандатот со оглед на тоа што Груевски со своето неоправдано отстуство подолго од шест месеци го губи правото и понатаму да биде пратеник.