Лидерите на Западнобалканската шесторка почнаа попладнево со видео самит организиран од вашингтонскиот Атлантски совет фокусиран на конкретни чекори за подобрување на регионалната економска соработка и привлекување странски инвестиции.
На самитот присуствуваат претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Авдулах Хоти , претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ.
Учествуваат и претставници на ЕУ, САД и меѓународната заедница. Средбата ја отвори Дејмон Вилсон од Атлантскиот совет.
Според организаторите, оваа средба се очекува да придонесе за економско закрепнување на регионот по пандемијата на коронавирусот.