Почна расчистувањето на „Треска“

by Fokus

Од денеска започна отстранувањето на објектите во делот од поранешната фабрика „Треска“, откако пред пет месеци избувна пожар кој ги остави руинирани.

Како што информираше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, треба да се отстранат 40.000 квадратни метри, азбестен покрив кој беше зафатен од пожарот.

-Станува збор за извор на загадување, нелегална депонија во срцето на град Скопје и на општина Центар и затоа час поскоро треба да се отстрани. До почетокот на август работите беа во застој бидејќи се чекаше дозвола од Јавното обвинителство – изјави Герасимовски, додавајќи дека просторот кај поранешната фабрика за мебел „Треска“ ќе биде расчистен за две недели.

Расчистувањето го вршат сопствениците на парцели кои имаат ангажирано фирма и гарантираат безбедно отсранување, најпрвин на азбестеот, по што ќе следува чистењето на дотраените објекти, па потоа ќе отстрани и кабастиот отпад.

Инаку надзор над чистењето вршат и инспекциските служби на Општина Центар.

Отпадот, како што истакна Герасимовски ќе се носи во депонијата „Дрисла“

Во меѓувреме, сопствениците на парцели веќе поднеле барања за издавање на градежни дозволи. Според Герасимовски до Општина Центар имало пристигнато 4 барања за издавање на градежни дозволи, 15 барања за дооформување на парцели, а има 36 барања за отстранување на објекти од кои одобрени се 13.

Поврзани новости