Почна процесот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА

by Fokus

„Почна процесот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА, донесени се неколку одлуки, кои е потребно да се усогласат со СПЦ, а потоа за нив ќе биде информирана и јавноста“.

Ова денеска го изјави митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј, по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод.

„Денеска заседаваше Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во полн состав, со мал исклучок на неколку архиереји, кои се во странство и еден архиереј, кој не можеше да дојде, но имаше свое полномошно за да се гласа доколку има потреба, но бидејќи одлуките се носеа воглавно едногласно, без никакви издвојувања денеска почна процесот за интеграција на ПОА во МПЦ-ОА“ – изјави владиката Тимотеј.

Тој истакна дека се донесени неколку одлуки и тие се поврзани со поделбата на епархиите, но напомена дека за јавноста ќе бидат познати по усогласувањето со српската црква.

Тимотеј очекува целосната интеграција да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој треба да почне на 14 или 15 мај годинава.

Поврзани новости