По осум месеци од поднесувањето на иницијативата за уставноста на СЈО, Уставниот суд реши да се произјасни за предметот.
Тој е веќе доделен кај судија известител, а можно е да се најде на дневен ред на седницата закажана за среда, јави Телма.
Произнесување на Уставниот суд за Законот за СЈО е едно од клучните барања на кое инсистира Шарената револуција, опозицијата и меѓународната заедница.
Шарената револуција даде рок до 18-ти јуни Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, доколку нивните барања не бидат исполнети тие порачаа дека „ ќе ја земат правдата во свои раце и на свој начин“.
И опозицискиот СДСМ денеска уште еднаш го повика Уставниот суд да престане да ги држи во заложништво судството и владеењето на правото бидејќи, како што велат, само на тој начин Договорот од Пржино може да преживее.