500
Протестниот марш за одбрана на уставното име започна во 18 часот пред ЕУ Инфо Центарот, кој е под силно полициско обезбедување.
На протестот присутен е и Филип Петровски кој објави фотографии од полициското обезбедување.
Демонстрантите бараат безусловен прекин на разговорите за името и продолжување на членството во Обединетите нации и во меѓународните организации под државното име Македонија, повлекување на Законот за употреба на јазиците, на Договорот со Бугарија и итно ослободување на притворените и осудените за собраниските настани од 27-ми април лани.
Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, до Собранието, до Владата и до странските амбасади во Македонија.