Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на националните интереси на Македонија

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува протест со автомобили, за, како што соопшти партијата, „заштита на националните црвени линии кои се последниот бедем на македонскиот идентитет“.

Протестот што партијата го најави како „сенароден и надпартиски“, се одвива под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна“.

Колоната автомобили тргна од пред Спортскиот центар Борис Трајковски и се упати кон Владата, каде треба да заврши протестот.

Во повикот за протестот од опозициската партија  апелираа граѓаните да се спротивстават на, како што велат, „пазарџиската и анационална политика на Зоран Заев и владата кои се подготвени да ги распродат националните интереси на Македонија“.

-Целта е достоинствено и мирно да го изразиме граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Побараа учесниците на протестот во колоната автомобили, да ги почитуваат максимално препораките и протоколите за заштита од КОВИД-19 вирусот, да држат дистанца и да користат заштитни маски и опрема со цел да го заштитат сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.

Поврзани новости