Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, се пее македонската химна

by fokus

Почна протестот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп денеска во 13.00 часот. На чело на протестот е лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој денеска ќе се обрати пред насобраните граѓаните.

Протестот почна со интонирање на македонската химна и со химната на партијата.

Во најавата стои:

Протестираме затоа што
1. Сме против економските црнила, против сиромаштијата, зголемените даноци и беспарицата кои му тежат на секој еден граѓанин, против економијата која стагнира и која губи здив.
2. Сме против политичките црнила, против неправдата и несигурноста, против црното политичко мочуриште каде прогонот станува закон, а законот мета за поткусурување.
3. Сме против општествените црнила, против загрозеното здравје на граѓаните и нефункционалниот здравствен систем и тивкиот убиец загадувањето кое наместо да се намалува, се мултиплицира.

Поврзани новости