Почна протестот на ЈСП, автобусите паркирани пред Влада

by Fokus

Вработените во ЈСП денеска го почнаа протестот пред Владата и пред останатите институции, поради неисплатата на заостаната плата.

Пред Владата на Република Македонија беа паркирани дел од автобусите на ЈСП со што вработените го искажаа револтот.

Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП вчера најавија дека ќе штрајкуваат се додека не се реализира ветеното, но вработените нема да ја прекинуваат работата.

Поврзани новости