Српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со претседателите на Русија и Аргентина, Владимир Путин и Алберто Фернандез, денеска преку видео повик го означија почетокот на производството на руската вакцина „Спутник В“ во Србија и Аргентина.
Србија на тој начин стана првата земја во Европа која ја произведува оваа вакцина што ќе може да се користи од 10-ти јуни. Во план е во наредните четири до шест месеци да се произведат четири милиони вакцини „Спутник В“.
Веста дека лидерите на трите земји го означиле почетокот на производство на „Спутник В“ ја пренесе и руската агенција ТАСС, наведувајќи ги зборовите на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков дека денеска ќе биде одржан состанок со инвеститорите и компаниите кои ја произведуваат оваа вакцина.