Низ тетовските улици и булевари деновиве се поставуваат камери од системот „Безбеден град.“ Во Тетово досега немаше вакви камери низ градските улици, туку само на влезот на градот од скопска страна.
Камери се поставени на булеварите „Илинден“ и „Видое Смилевски-Бато“, но граѓаните велат дека забележале такви камери и на други локации.
Тетовци се надеваат дека „Безбеден град“ ќе придонесе за средување на хаотичниот сообраќај во градот.
Камери од состемот „Безбеден град“ веќе се поставени во Скопје и Куманово, како и по автопатите „Мајка Тереза“ и „Пријателство“.
Тест периодот почна на 1 декември, а системот официјално ќе почне да функционира со казнување на 1 февруари. Министерството за внатрешни работи информираше дека во првите 24 часа од тест периодот се регистрирани над 110 илјади прекршоци.