603
Од плоштадот во Автокоманда вечерва почна протестниот марш на Комити „Правда за Саздо“ за убиството на младиот Никола Саздовски, кој беше претепан на автобуската постојка во близина на плоштадот.
Демонстрантите додека се движат ја пеат песната „Македонија на Македонците“ и носат транспарент „Нема назад“. Извикуваат и „Правда за Саздо“.
Комитите се движат кон Основното јавно обвинителство каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе се запалат свеќи.