Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на брифинг со новинарите информираше дека продолжила реконструкцијата на Универзалната сала, откако, како што рече, било утврдено дека цела проектна документација е уредна.
-Универзална сала веќе се работи и броиме денови кога ќе ја отвориме. За годинава се издвоени 120 милиони денари, а се предвидуваат по 443 милиони денари во 2025 и во 2026 година – рече таа.
Министерката додаде дека истовремено се реализираат проектите за турски театар, кино Партизан Битола, културна установа Куманово, а се прави проект и за реконструкција на Домот за култура во Делчево.
-Ние не градиме со гипс картон и прехранбени бои, и со дупки во кровите, како што беше случај со МНР, туку по стандарди – истакна Костадиновска.