Почна исплатата од МојДДВ, донирале 8.700 граѓани

by Frosina Fakova

Почна исплатата на пари за јануари, февруари и март 2020 година за граѓаните кои скенираа сметки согласно Законот за враќање на дел од ДДВ.

Како што информираат од УЈП, во ова прво тримесечје од годината скенирани се 49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари.

Вкупниот број регистрирани корисници до 31 март 2020 година на апликацијата МојДДВ е 279.498.

Повратот за ова тримесечје изнесува 343.803.953 денари, односно 5.590.000 евра. За донирање на својот поврат за овој квартал се изјасниле 8 700 граѓани.

Исплатата се врши во неколку етапи и ќе заврши согласно законскиот рок, односно во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешки во нив, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.

Поврзани новости