490
Во грчкиот Парламент започна гласањето за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина.
Со прозивање, сите 300 пратеници ќе треба да кажат дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт-законот на Министерството за надворешни работи на Грција „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“.