Почна евакуацијата – си заминаа првите жители и студенти од странство од Суми

by fokus

Евакуирани се над 150 цивили од североисточниот украински град Суми. Жители на Ирпин, исто така ги напуштаат своите домови, соопштија денеска, официјални украински извори, јавија британски медиуми.

Коридорите во другите градови, не се отворени.

– Од 9.30 часот, над 150 лица се евакуирани. Евакуацијата е во тек, информираше Олексеј Кулеба, гувернерот на регионот Киев.

Тој додаде дека од Суми си заминале првите жители, како и студенти од странство.

Градоначалникот на Ирпин, Олександр Маркушин на Телеграм напиша дека добил закана по животот и здравјето, со барање за целосно предавање на Ирпин.

-Се чудам што овие чудовишта сè уште не сфатиле – Ирпин не се предава, Ирпин не може да се купи, Ирпин се бори! пишува тој меѓудругото, на социјалната мрежа.

Маркушин упати и понуда до окупаторите – да го напуштат Ирпин во рок од 24 часа и да ги спасат животите на неколку илјади руски регрути, „кои дома ги чека мајка, сестра, ќерка, баба, сакана“.

Поврзани новости