Почна денешниот протест против аболицијата од страна на Иванов

by Фокус

Незадоволни граѓани веќе почнаа да се собираат пред Специјалното јавно обвинителство од каде и денеска почнува протестот против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги помилува сите осомничени и осудени од случаите кои произлегоа од прислушувањето. Демонстрантите се собираат пред СЈО со цел да му дадат поддршка.

sjoooo

Како и вчера, протестот ќе продолжи пред Канцеларијата на претседателот на Рекорд. Демонстрантите извикуваат „Нема правда, нема мир“, „Уа криминалци“ и „За криминалци само робија“.

Приврзаниците на власта најавија контра-протест пред Собранието, а тие ќе протесираат само против аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски. Три автобуси веќе тргнаа од Штип кон Скопје.

Поврзани новости