Почна да тече рокот до кога Груевски треба да се јави во затвор на издржување на казната

by fokus

Кривичниот суд ја добил одуката на Апелација со која му се потврдува казната затвор во траење од две години на екс премиерот Никола Груевски, за случајот „Тенк“ на СЈО. Со одлуката на Апелација е потврдена и намалената казна 6,5 на 4,5 години затвор за поранешниот шеф на набавки во МВР Ѓоко Поповски. Со одлуката на Апелација пресудите стануваат правосилни, а со примање на решението тече рокот до кога Груевски треба да се јави на издржување на затворската казна.

„Второстепената пресуда за предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“ ,од Апелациониот суд – Скопје денеска беше доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Пресудата ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да изготви упатен акт и да го испрати до странките во постапката“, велат од Основниот суд Скпје 1 Скопје.

Откако според АКМИС-системот пресудата ќе заврши во раце на судија за извршување санкции, според Законот за извршување санкции, тој е должен најдоцна во рок од осум дена да постапи по одлуката.

Датумот кога ќе треба Груевски да се јави во затвор судијата треба да го определи на тој начин што ќе му остави најмалку 8, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт.

Поврзани новости