Град Скопје денеска донел одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ, а тоа подразбира демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот, информираше попладнево градоначалникот Петре Шилегов.
-По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се во предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, од утре и официјално започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ. Работата на останатиот дел од кровот е во полн ек, во текот на следната недела започнуваме со поставување на земјената подлога и во текот на месецов ќе можеме да го видиме поставувањето на првото зеленило, соопшти Шилегов.