673
Во 16 часот денеска почна забраната за движење на населението, и согласно одлуката на Владата ќе трае до понеделник до 5 часот. Со ова, почнува 61-часовен карантин за сите граѓани на територија на целата држава.
Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, противпожарните територијални единици и земјоделските лица.
Дежурните аптеки ќе работат непречено, а продавниците, маркетите и рестораните ќе примаат нарачки и ќе вршат достава на своите производи. Маркетите кои немаат соодветна дозвола за работа за време на полицискиот час, ќе бидат санкционирани.