894
Брисот којшто беше посмртно земен од 14-годишното девојче од Лабуништа кое почина вчера бил негативен, односно не покажал присуство на новиот вирус ковид-19, јави охридскиот портал Охридњус. Официјална потврда за оваа информација нема, а порталот се повикува на информации од здравствените власти.
Девојчето вчера наутро било донесено во тешка состојба со отежнато дишење и повраќање во струшката болница. Пред да биде донесено во болницата имало и температура.
Лекарите ја испратиле во Ургентниот центар во Скопје, но починало само што тргнале. Посмртно и беше земен брис, кој е негативен.
Телото е предадено на обдукција која треба да ги открие причините за смртта.