Во изминатите 24 часа починаа девет пациенти заразени со Ковид-19, меѓу кои и две девојки на возраст од 23 и 29 години. Од Министерството за здравство појаснуваат дека младите пациентки имале претходни заболувања.
Кај 23-годишната девојка смртта настапила нагло. Таа добила позитивен резултат на 5 септември, а претходно четири дена имала температура, кашлица и тешко дишење. По една недела од позитивниот резултат, на 12 септември, била хоспитализирана на Инфективната клиника.
-Веднаш е класифицирана како тежок пациент, ставена е на кислород. Еден ден пред да настапи смрт, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација, по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ). Смртта настапила нагло. Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг – ендоринолошко заболување, велат од Министерството за здравство.
Дваесет и деветгодишната девојка од Струмица починала во клиниката „Жан Митрев“. Заега е познато само дека имала заболувања на тироидната жлезда.