Починатите од корона се на возраст од 63 до 82 години, петмина се од Скопје

by Frosina Fakova

Десетте починати пациенти заразени со Ковид-19 од последниве 24 часа се на возраст од 63 до 82 години, петмина се од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш. Најмногу од нив починале во Во ГОБ „8 септември“.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82,61 и 72 години.

Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81 годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во Филип Втори е починат пациент на 67 години.

Поврзани новости