Починатиот во несреќата кај неготинско е маж на 53 години

by Fokus

Во сообраќајнате несреќа што се случи вчера попладне во неготинско, загина 53-годишен маж од селото Тимјаник. Во несреќата во која што учествуваа три возила, повреден е 27-годишник од Кавадарци.

Од СВР Велес информираат за МИА дека сообраќајката се случила на регионалниот пат Неготино-Кавадарци кај местото викано ,,Антени” меѓу патничко моторно возило „форд“ со неготински регистарски ознаки управувано од С.С.(53) од неготинското село Тимјаник, патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од П.Ј.(27) од Кавадарци и патничко возило ,,сеат” со тетовски регистарски ознаки управувано од Р.Г.(27) од Кавадарци.

– Од сообраќајната несреќа со возило на Итна медицинска помош од Неготино, во болница во Кавадарци биле пренесени возачите С.С. и П.Ј., каде била констатирана смрт на С.С., а кај П.Ј.биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Неготино. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, велат од СВР Велес.

Поврзани новости