769
Откако во денешниот извештај беше наведено дека еден од починатите пациенти има 22 години, попладнево стигна исправка од Министерството за здравство. Починатиот пацинт од Струга имал 72 години, а не 22.
-Министерството за здравство ја информира јавноста дека во денешниот дневен извештај за корона вирусот во изминатото деноноќие има ненамерна грешка. Имено, во извештајот нема починат пациент на 22 годишна возраст од Струга, односно починатиот пациент од Струга има 72 години, соопштија од Министерството.