371
74-годишна жена е пронајдена почината во нејзиниот дом во кочанското село Бели, каде живеела заедно со својо син.
Според информаиците, синот М.Р. (53) е приведен, а кај починатата В.Р. биле пронајдени траги од насилство.
На 23.11.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Р.(53) од кочанско. Имено, околу 09.30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била пронајдена почината В.Р.(74).
Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош забележал траги на насилство.
Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.