671
Вчера утрото од водите на реката Вардар била извлечена почината жена, пренесува МВР.
„На 26.01.2020 во 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар има починато женско лице. Од екипа на Бригадата за прпотивпожарна заштита Скопје телото било извадено, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По преземени мерки било констатирано дека станува збор за Б.К.(60) од нас.Радишани – Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција“, информираат од МВР.