536
Вчера попладне, на Одделот за токсикологија на скопските клиники бил донесен почина затвореник од Кичево, пренесуваат од МВР.
„На 19.11.2021 во 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Одделот за токсикологија бил донесен починат Ј.Х.(49) од Кичево, затвореник од КПУ Идризово.
Според пријавеното од вработените во КПУ Идризово, на Ј.Х. му се слошило и на пат кон здравствената установа починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција“, додаваат од МВР.