551
Педесет и четиригодишен скопјанец е пронајден мртов вчера попладне на улицата „Среќко Пужалка“.
Како што се наведува од МВР, нема траги на насилство врз телото на починатиот, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.