Починат маж пронајден во водите на Вардар

by Fokus

Во водите на Вардар кај скопското село Огњанци е пронајдено тело, најверојаТно на машко лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 11.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Огњанци, во водите на реката Вардар, било пронајдено тело, најверојатно на машко лице. Телото било извадено од реката и предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на расчистување на случајот“, пренесуваат од МВР.

Поврзани новости