3
Маж со прострелна рана е пронајден починат вчера во атарот на штипското селоо Пиперово.
Како што информираат од МВР, се работи за И.К.(31) од с.Дедино, општина Конче.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле екипа на СВР Штип и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.