153
Починат маж синоќа бил пронајден во неговиот дом во Шуто Оризари.
Според информациите од МВР, се работи за З.М. (43) од Скопје.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.