Во последните 24 часа регистрирани се 24 починати пациенти заразени до Ковид-19: 10 починати лица од Скопје (93г, 85г, 81г, 70г, 65г, 63г, 59г, 57г, 50г и 37г), 4 починати лица од Гостивар(86г, 75г, 63г, 51г), 2 починати лица од Прилеп (70г и 45г) и по едно починато лице од Тетово (87г), Кавадарци (67г), Струмица (62г), Кичево (61г), Кочани (76г), Дебар (60г), Валандово (76г) и Богданци (62г).
Од пријавените 21 е починат во болнички услови и тројца се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.203.819 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.620, бројката на оздравени пациенти е 161.515, на починати е 6.153, а бројот на активни случаи изнесува 13.952.