Починале 22- ца заразени со корона, меѓу кои и 45-годишен пациент од Прилеп

by fokus

Во последните 24 часа пријавени се вкупно 22 починати лица кои биле заразени со Ковид-19. Починати се по девет пациенти од Скопје (66г,69г,78г,87г,75г,80г,75г,70г,73г), четворица пациенти од Прилеп(67г,86г,89г,45г), двајца пациенти од Гевгелија(73г,73г) и по еден пациент од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.

Поврзани новости