1K
Во последното деноноќие пријавени се вкупно 21 починати лица кои биле заразени со Ковид-19. Починати се шест пациенти од Скопје (91г,90г,87г,66г,68г,78г), 3 пациенти од Берово ( 59г,51г,70г), по 2 пациенти од Куманово (72г,71г), Велес (82г,56г), Неготино (79г,79г), Гевгелија (83г,59г) и по 1 пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г).
Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, два пациенти во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.