Починал вработен во битолскиот затвор од ковид

by Fokus

Четириесет и седумгодишен вработен во битолскиот затвор починал од ковид во болнички услови.

Во исто време, во затворот позитивни на вирусот се 16 осуденици со полесни симптоми, освен едно лице кое е примено да се лекува во битолската болница.

Директорката на Битолската клиничка болница д-р Билјана Гагачовска за „Независен“ потврдува дека вработениот во битолскиот затвор десеттина дена бил со симптоми, пред да побара болничка лекарска помош.

„Пациентот  беше примен  во тешка состојба со добиен податок дека десеттина  дена имал симптоми. Примен е на 24 декември поради влошена состојба и пад на сатурацијата. Иако му беше дадена соодветна терапија и преземени лекарски мерки, пациентот почина утрото на 25 декември“, изјавила д-р Гагачовска.

 

Поврзани новости