Починал српски турист во Албанија – влегол во морето и добил срцев удар

by fokus

Српски турист починал на плажа во албанскиот туристички центар Валона. Сомнежите се дека 54 годишниот маж добил срцев удар откако влегол во морето.

Како што јавува ABC News Albania на 54-годишен маж веднаш му била укажана итна медицинска помош од турист, крајбрежната стража, а потоа и екипа на итната помош.

Безуспешна била брзата реакција на спасувачките екипи и брзата помош.

Во тек е истрага за утврдување на околностите и причината за смртта, пренесува Albanian Daily News.

Поврзани новости