Починал 55 годишен затвореник кој бил осуден на 15 години робија

by Fokus

МВР информира дека вчера во 15.45 часот во СВР Скопје, од ЈЗУ – Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина Скопје било пријавено дека кај нив починал М.Г.(55) од Скопје, осуденик кој издржувал 15 – годишна затворска казна во Казнено-поправната установа затвор Идризово.

Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба во 12 часот од затворот бил пренесен во заводот, каде што во 13.35 часот почина

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани новости